Насловна / Архитектура / Винаријата Sauska во Унгарија – кружни градини засадени во лебдечки чинии

Винаријата Sauska во Унгарија – кружни градини засадени во лебдечки чинии

Токај се надалеку познати десертни вина кои се произведени во винскиот регион Токај-Хеѓаља во Унгарија. Нектарот на Токајските гроздови е споменат и во химната на Унгарија.

Како еден од водечките производители на ова вино, семејната винарија Sauska Wines го ангажирала архитектонското бироо BORD од Будимпешта да го проектира нивниот нов производствен капацитет со винарија. Главната грижа при проектирањето на објектот била добро да се вклопи во околината, давајќи и уникатен и екстравагантен изглед.

Свесни за околниот вински регион, кој се наоѓа на листата на светското наследство на УНЕСКО, наместо винарија со традиционална форма, архитектите проектирале два дискови налик на чинии кои лебдат над полињата со винова лоза.

Секој со дијаметар од 36 метри

Клучната карактеристика на оваа винарија, која се простира на површина од речиси 4.000 метри квадратни, е поврзаноста со околниот културен пејзаж и панорамските погледи на природата.

Деловниот простор и просторот за класификација на виното се сместени во два волумена на зградата – секој со дијаметар од 36 метри – што на посетителите им овозможува незаборавно искуство.

„Архитектонскиот концепт е инспириран од ‘недопреното недопирливо’ – погледот на брановидните лозја. Целта беше да се направи зградата да изгледа како нежна форма која лебди над пејзажот. Винаријата Sauska Tokaj не е куќа во традиционална смисла. Ако ја набљудувате зградата од далеку, можете да видите само два чинии слични на скулптури кои лебдат во лозјето“, велат архитектите.

По влегувањето во огромниот простор како чинија, веднаш се отвораат панорамски погледи на винскиот регион, а видиковците се поврзани и со просторите за гости.

Просторната организација на манифактурата е јасна и функционална, ефикасно опслужувајќи ги индустриските процеси.

Процесот на производство на вино, кој бара постојана температура и поголем простор, се одвива под земја. Во импресивните, кружни простории за ферментација, росфрајните резервоари се распоредени во концентрични кругови, во чија средина се наоѓа простор за одлежување во дрвени буриња. Пристигнувањето на грозјето и испраќањето на готовиот производ – виното, се одвива преку тунел кој се протега по надолжната оска на објектот, како масивна вградена турбина, која служи и како простор за потребната механичка опрема.

Винаријата се појавува во форма на кружни градини засадени во чинии кои лебдат во висина на грозјето на ридот Пади. Зградата не може да се одвои од својата околина; нејзините волумен и фасада создаваат единство со околината зачувувајќи го историскиот пејзаж на винскиот регион Токај.

Винаријата Sauska Wines беше сребрен победник на неодамна одржаните Меѓународни награди за проектирање (IDА), во две категории – угостителство и пејзаж.

Испрати коментар

Scroll To Top