Насловна / Вести / Со велосипед до работа, поздрави и помалку на боледување

Со велосипед до работа, поздрави и помалку на боледување

Една нова студија открила дека луѓето кои одат на работа со велосипед ретко се разболуваат и се многу поздрави и порелаксирани ментално и физички. Возењето велосипед го зајакнува имунолошкиот систем. Холанѓаните возат велосипед најмногу меѓу Европејците, тие во текот на денот поминуваат околу три километри.

Со оваа тема се занимавал тим од Финскиот институт за здравје, кој ги анализирал податоците од 28.485 луѓе кои сами се пријавиле за да учествуваат во двегодишно истражување.

Одењето на работа со автомобил или јавен превоз се смета за пасивна активност, во споредба со возењето велосипед.

Според статистичките податоци, ако возите велосипед 61 километар неделно, ќе имате околу 10 отсто помал ризик да се разболете.

„Веќе постојат докази добиени од истражувањата за здравствените и еколошките придобивки од активното патување, како и нивната поврзаност со ризикот од долгорочно отсуство поради болест“, истакна Еси Калиолакти од одделот за јавно здравје при Финскиот институт за здравје.

Иако истражувачите ги земале предвид другите потенцијални фактори кои влијаат на статистиката на болеста – вклучувајќи го полот, возраста, внесот на алкохол и социоекономскиот статус – податоците не покажуваат причинско-последична врска помеѓу возењето велосипед и болеста, туку само силна поврзаност.

Факт е дека ако сте активни, генерално сте здрави, па сите оние кои се во физичка кондиција имаат помали шанси да се разболат.

Истражувачите откриле и дека возењето велосипед е подобро од пешачењето, особено за подолги дестинации. Можно е пешачењето да не го поттикнува телото доволно да се напрега.

„Пешаците сепак поминуваат пократки растојанија од оние кои возат велосипед“, истакнуваат истражувачите, со совет дека одењето со брзо темпо е сепак неопходно за здравјето.

Велосипед не е за секого

Честопати, возењето велосипед може да биде и стресно, особено во урбаните средини, каде што има многу гужва во сообраќајот. Но, возењето велосипед е важно за намалување на емисиите на гасови.

„Според статистичките податоци, само половина од возрасната популација вежба според препораките, па затоа треба да возите велосипед и брзо да одите поради здравје“, вели Џени Ервасти, епидемиолог од Финскиот институт за здравје.

Резултатите од студијата даваат дополнителни причини за поттикнување активно одење на работа, особено со велосипед.

Ако на работа одите со велосипед, факт е дека добар дел од годината ќе ви биде напорен поради студот, дождот, маглата, снегот, мразот и високите температури во текот на летото. Изборот на ова превозно средство до работното место бара време и добра организација за да се избегне брзање и доцнење.

Испрати коментар

Scroll To Top