Насловна / Вести / Кинески научници направиле материјал потврд од дијамантот

Кинески научници направиле материјал потврд од дијамантот

Тим научници од два универзитета во Кина, во лаборатирија синтетизирале материјал потврд од дијамантот. Кога јаглеродот е подвргнат на екстремна топлина и притисок во внатрешноста на Земјата, може да кристализира во дијаманти – најтврдиот природен минерал на Планетата. Во дијамантот секој атом на јаглерод е поврзан со четири други атоми на јаглерод во тетраедарски распоред, но под вистински околности, јаглеродот може да се постави шестоаголно, создавајќи материјал познат како лонсдалеит.  За постоењето на лонсдалеит се знае благодарение на ударот на метеорит кој го формирал. Во 1891 година, испитувајќи метеорит во кањонот Диабло, Аризона, научниците известиле дека во него пронашле „тврди честички“. Подоцна, во 1939 година, потврдено е дека тие тврди честички се мешавина од дијамант, графит и нова материја која дотогаш не била видена, а која сега се вика лонсдалеит, по кристалографката и професорка Dame Kathleen Lonsdale.

На почетокот научниците очекувале дека необичниот материјал ќе биде дијамант со хексагонална структура, а не класичен кубичен дијамант. Но, проучувајќи ги примероците од метеорит од 2022 година, тимот открикл дека тие се составени од наноструктурирани хексагонални и кубични дијаманти со израстоци помеѓу како што е графенот.

Освен фактот што е прилично неверојатно метеоритите да создаваат шестоаголни дијаманти, сепак тоа отворило изгледи дека научниците би можеле да синтетизираат ваков материјал. Користејќи техники на компресија кои го имитираат природното нивно производство, истражувачите во минатото успевале да добијат материјал кој содржел доста графитни честички. Во новото истражување, тимот користел соодветни притисок и температура, оптимирајќи ги условите за прецизно добивање на лонсдалеит. Новиот материјал отвора пат за нови суперпроводници, има поголема тврдина од дијамантот, извонредна топлинска стабилности, со што има извонреден потенцијал за индустриска примена.

 

Испрати коментар

Scroll To Top