Насловна / Вести / Во домаќинствата во Шкотска се тестира зелен водород како замена за природниот гас

Во домаќинствата во Шкотска се тестира зелен водород како замена за природниот гас

Централното греење во Велика Британија е одговорно за речиси една третина од емисиите со ефект на стаклена градина. Со цел таа земја побрзо да ги исполни своите цели за намалување на емисиите, компанијата Scottish Gas Networks (SNG), која се занимава со дистрибуција на гас и управува со гасната мрежа во Шкотска, јужна Англија и лондонската област, дошла на идеја да го замени природниот гас со водород произведен со користење на обновливи извори на енергија.

SNG во 2020 година го стартувал пилот проектот H100 Fife на источниот брег на Шкотска. Основната идеја била да се тестира водородот како замена за природниот гас во домаќинствата. По изградбата на првата водородна мрежа во светот со должина од 8,4 километри, SNG изградила и постројка за производство на водород по пат на електролиза. Електролизерот се напојува со струја од блиската ветерна електрана. Инсталирани се и постројки за складирање на водородот со цел да се обезбеди непрекинато снабдување. Околу 300 домаќинства се пријавиле да преминат од природен гас на водород. Обезбедена е и соодветна обука со која се укажува на сите опасности и ризици при користењето на ова гориво. Оваа пилот фаза планирано е да трае до 2027 година. Доколку се покаже успешна, може да послужи како пример за декарбонизација на греењето во Велика Британија, но и пошроко.

Испрати коментар

Scroll To Top