Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Украина планира увоз на гас од Хрватска

Украина планира увоз на гас од Хрватска

LNG
Украина ја разгледува можноста за увоз на течен гас од Хрватска во рамките на проектот „Јадрански гасен коридор“, соопшти украинската компанија за транспорт на гас „Укртрансгас“.

Според соопштението на компанијата, Киев ја разгледува можноста да се приклучи на проектот што го иницираше Хрватска, а го поддржаа Унгарија и Европската комисија, пренесе „Итар тас“. Гасот во Украина би се испорачувал од LNG терминалот, што Хрватска го гради на островот Крк во Јадранско Море. Тој коридор, како што наведува „Итар тас“, би ги консолидирал гасните транспортни системи во Хрватска, Унгарија и Украина, и истовремено би ги зголемил количините на природен гас испорачани во Украина од другите извори.

Испрати коментар

Scroll To Top