Информација за организација на стручна екскурзија со посета на брани и придружни објекти во Турција, во периодот од 30.03.2025 – 05.04.2025.
Известување до сите потенцијални учесници и повик за изјаснување на заинтересираност за организирана стручна екскурзија со посета на брани и придружни објекти во Турција. Стручната екскурзија би се одржала во период од шест дена, од 30.03.2025 до 05.04.2025. Детали околу организацијата може да прочитате во информацијата од Претседателот на ЗМКГБ во прилог. Крајниот рок за изјаснување на интерес е 27.02.2025 со праќање меил до [email protected].