Насловна / Вести / Словенија ја подобрила енергетската ефикасност за 36%

Словенија ја подобрила енергетската ефикасност за 36%

Врз основа на анализата во склоп на европскиот проект ODYSSEE-MURE, истражувачите од Центарот за енергетска ефикасност на Институтот „Јожеф Штефан“, откриле дека индексот на енергетска ефикасност на Словенија се подобрил за 36%, во периодот од 2000 до 2022 година. Така Словенија е на 14-то место меѓу 27 земји во ЕУ според овој индикатор.

Во последните години, Словенија активно е вклучена во подобрувањето на енергетската ефикасност, што е клучно за соочување со предизвиците поврзани со зависноста од увоз на енергија и од ограничените енергетски ресурси, ублажување на климатските промени, намалување на загадувањето на воздухот, подобрување на конкурентноста на економијата и управување со трошоците за енергија. Таквите напори веќе се одрзауваат позитивно на реалните резултати.

Според резултатите од споменатиот проект, во последните години домаќинствата највеќе придонеле за подобрување на енергетската ефикасност, а следуваат индустријата и транспортот. Но и покрај охрабрувачките резултати, неопходно е понатамошно интензивирање на напорите за подобрување на енергетската ефикасност. Во таа насока и со намера да бидат постигнати зацртаните цели до 2030 година, Словенија обезбедува заштеда на финалната енергија (обврзувачка шема на заштеди) и спроведува алтернативни мерки – програми на Еко фондот, мерки во склоп на кохезиската политика и други програми за промовирање на ефикасносто користење на енергијата од јавните извори на финансирање. Институтот „Јожеф Штефан“ истакнува дека Словенија моментално ги остварува неопходните заштеди, што е препознаено и во ажурираниот Национален план за клима и енергија.

 

Испрати коментар

Scroll To Top