Насловна / Архитектура / Јапонското биро SANAA добитник на медалот RIBA за 2025 година

Јапонското биро SANAA добитник на медалот RIBA за 2025 година

Кралскиот институт на британски архитекти (RIBA) објави дека јапонските архитекти Kazuyo Sejima и Ryue Nishizawa, основачи на бирото SANAA, се добитници на Кралскиот златен медал за архитектура за 2025 година.

Доделен во име на неговото височество кралот Чарлс III, медалот е една од највисоките поризнанија во оваа област, препознавајќи го она што RIBA го опишува како придонес на SANAA во обликувањето на современата архитектура преку едноставност, светлина и рафиниран дизајн.

Чувство на смиреност во сè покомплициран свет

Од RIBA истакнаа дека на архитектонската практика од Токио всушност се доделува признание за балансирање на иновациите и изразено разбирање за локалните средини и дека нивниот пристап покажува како архитектурата може да биде и функционална и елегантна, опружајќи чувство на смиреност во сè покомплициран свет.

New Museum во Њујорк

Како што се наведува, SANNA е исто така препознатлива по тоа што ја нагласува инклузивноста и пристапноста преку своите проекти. Преку транспарентност и користење на природна светлина преку нивната пракса, тие успеаја да создадат простори кои се интегрираат во нивната околина и ги поттикнуваат луѓето да се поврзат.

Rolex Learning Center во Лозана

SANNA може да се пофали со портфолио кое вклучува различни културни и институционални згради во многу земји низ светот. Меѓу најпознатите проекти се New Museum во Њујорк и Rolex Learning Center во Лозана, а RIBA ги наведува токму овие објекти како примери за чувствителност на локалниот контекст.

Sydney Modern во Австралија

Други проекти што RIBA ги вклучуваат продавницата Dior Omotesando (2003) и Музејот на современата уметност на 21. век во Јапонија (2004), Школата за дизајн Zollverein во Германија (2006), Serpentine Gallery Pavilion во Обединетото Кралство (2009), Louvre-Lens (2012) во Франција Grace Farms (2015) во Франција и Sydney Modern во Австралија (2022).

Louvre-Lens, Франција

„Нивните проекти покажуваат дека архитектурата може да ги балансира функционалноста и елеганцијата. Според Комитетот за почести, нивната работа одразува конзистентен и јасен пристап кон одржлив, корисничи оријентиран дизајн, поставувајќи инспиративен стандард за иднината на нашата изградена средина“ изјави, претседателот на RIBA и претседател на Комитетот за чест 2025 година, Muyiwa Oki.

Музејот на современата уметност на 21. век во Јапонија

Доделување на медалот на 1. мај во Лондон

Од студиото SANNA истакнаа дека се многу почестени што го добиле Кралскиот златен медал и објаснија дека нивната работа секогаш се води од верувањето дека архитектурата може да ја трансформира и поправи околината, а воедно и да ни помогне да се поврземе со нашето опкружување, природата, но и меѓусебно.

Grace Farms, САД

Јавен настан по повод постигнувањето на бирото SANNA ќе се одржи на 1. мај 2025 година во Лондон. Во Комитетот за чест 2025 година, со кој претседава претседателот на RIBA, Muyiwa Oki се вклучени и добитничката на кралскиот златен медал од 2024 година Lesley Lokko, архитектот и основач на BIG Bjarkea Ingels и архитектот и ко-основач на dRMM, Sadie Morgan.

Испрати коментар

Scroll To Top