Antrax IT го редефинира концептот на радијатор, спојувајќи функционалност, модуларност и естетиката во софистицирани елементи за внатрешен дизајн…
Нивната колекција модуларни радијатори нуди флексибилни решенија кои можат да се прилагодат на различни простори. Со повеќе од 200 достапни бои, секој модел може да се прилагоди на специфичните желби на корисникот, притоа обезбедувајќи оптимална топлотна ефикасност.
Lana
Еден од најиновативните модели е Lana, радијатор дизајниран од AMDL CIRCLE, студиото на познатиот архитект Микеле Де Луки. Концептот на овој радијатор се заснова на модуларни квадратни плочки со димензии 33×33 центиметри со заоблени рабови и плисирана површина. Со комбинирање на повеќе елементи, корисниците можат да креираатт правоаголни или квадратни форми, распоредени во шаховска табла, овозможувајќи максимална приспособливост на просторот.
Waffle
Покрај Lena, колекцијата Waffle, резултат на соработката со Пјеро Лисони, носи и радијатор со поголема димензија (61×41 центиметри) со впечатлива тродимензионална текстура која потсетува на традиционалните радијатори од леано железо, но во модерна интерпретација. Површината на радијаторот, со благии неправилности, се постигнува со специјална техника на леење, додека дополнителните функционалности како дрвени куки или држачи овозможуваат негова примена и во бањите.
Loft
За оние кои преферираат софистицирани детали, колекцијата Loft пружа елегантен ритам на брановидна текстура, достапна во единечни, двојни или тројни модули. Неговата површина е обликувана во нежни релјефни бранови, нудејќи топлина и визуелна хармонија во исто време, со широк спектар на завршни обработки – од сјајни и мат тонови до специјални бои.
Од своето основање во 1997 година, Antrax IT се истакнува со комбинирање на иновации, енергетска ефикасност и одржливост, соработувајќи со истакнати дизајнери како Матео Тун, Даниел Либескинд и Родолфо Дордони. Нивните радијатори, направени од 100% алуминиум што може да се рециклира, освоија престижни награди како Compasso d’Oro, Good Design Award, Red Dot Award и German Design Award, потврдувајќи дека и греењето може да биде уметничко дело во просторот.