Насловна / Архитектура / Музејот на словачкото национално востание

Музејот на словачкото национално востание

Словачкото национално востание  било вооружена побуна организирана од словачкото движење на отпорот во текот на Втората светска војна. Почнало во август 1944. године од Банска Бистрица во обид да се спротистават на германските трупи. Иако отпорот воглавно бил задушен, герилските операции продолжиле се додека советската армија, чехословачката и романската војска не ја ослободиле 1945. фашистичка Словачка.

Во чест на оваа побуна изграден е Музејот на словачкото национално востание. Ова е специјализиран музеј со архиви од особено значење што го документираат развојот на словачкото општество помеѓу 1938-1945 година со акцент на документацијата на антифашистичкиот отпор и Словачкото национално востание. Музејот се наоѓа во монументална зграда, споменик на Словачкото национално востание проектирана од архитектот Душан Кузма, изградена во југоисточниот дел на историската област во 1969 година. Денес е еден од доминантните во Банска Бистрица.

Споменикот е создаден како резултат на конкурс од 1959 година. Во него, архитектот посегнал по форма карактеристична за ерата: над постолје се издига ниска маса на едноставен квадратен заоблн волумен. Во својата елементарна моќ, се забележува надминување на претходниот историцистички орнамент со лапидарна геометриска форма. Поради политичките замерки, Кузма можел да се врати на работа на проектот дури во 1963 година.

Меѓутоа, неговиот талент бил поблиску до скулптурална форма, па така во замислувањето на подефинитивна форма се здружил со младиот скулптор Јозеф Јанкович. Сугестивната скулптура на Јанкович „Предупредување на жртвите“ станала централен акцент на целата зграда. Естетскиот ефект на објектот се заснова на моќта на натур бетонот, од кој од хоризонталната основа се формираат двата сегменти на школката. Внатре во нив се наоѓаат главните простори на музејот на словачкото антифашистичко партизанско движење од 1944 година.

Оваа архитектонски интересна зграда ја симболизира историјата на словачката нација во два асиметрични армирано-бетонски споменици споени со мост што ја симболизира идејата за Словачкото национално востание како важна пресвртница во животот на словачкото општество за време на Втората светска војна. Споменикот се состои од хоризонтална основа и скулптурна маса пресечена на два дела. Страните на засекот се од стакло; таванските плочи во двата волумена се слободно обесени. Во центарот на композицијата е „меморијален влез“ во приземјето, со дрвени знамиња. Во приземјето се сместени истражувачки архив, предавална, тоалети, магацини и простори за депоа.

Просторот помеѓу двата монумента се користи како побожна сала со симболичен гроб на Незнаен војник и вечен пламен, најважните боишта на востанието и местата на нацистичката репресија. Тука се поставени и спомен-табли за жртвите на холокаустот од Словачка и на странските борци на Словачкото национално востание. Целиот споменик на Словачкото национално востание прогласен е за национално културно наследство.

Музејот на словачкото национално востание е опкружен со голем парк. Во паркот се наоѓа изложба на тешко вооружување на отворено. Во близина на влезот во паркот се наоѓа најинтересниот експонат – авионот LI-2. Овој авион се користел за превоз на луѓе и материјал до воздушната база Три даба во времето на словачкото национално востание. Внатрешноста на авионот е отворена за јавноста.

Испрати коментар

Scroll To Top