Насловна / Вести / Трамп и DeepSeek во фокусот на самитот за вештачка интелигенција во Париз

Трамп и DeepSeek во фокусот на самитот за вештачка интелигенција во Париз

Денес и утре, очите на светската јавност се вперени во францускиот главен град, каде ќе се дознае дали администрацијата на Доналд Трамп ќе пронајде заеднички јазик со Кина и речиси 100 други земји за безбеден развој на вештачката интелигенција. Една година откако светските сили расправаа за опасностите од вештачката интелигенција во Англија, поширок круг земји сега се состанува во Париз.

Франција е домаќин на AI Action Summit, со фокус и на подрачјето во кое втората најголема европска економија иа предност – чиста енергија за напојување на дата центрите. Челниците на Alphabet, Microsoft и десетици други компании присуствуваат на самитот. Сепак, неизвесно е дали САД ќе постигнат консензус со останатите земји во подрачјето на вештачката интелигенција. Пред самитот, реализирани се преговори во врска со необврзувачка изјава за начелата за надзор над вештачката интелигенција со американски, кинески и други потписи, што ќе претставува значен исчекор доколку се постигне. Во средиште на интересот е прашањето како да се дистрибуираат бенефитите од вештачката интелигенција во земјите во развој со ефтини модели, како на пример производите на француската развојна компанија Mistral или кинескиот DeepSeek. Кинеската компанија покажа дека може да конкурира на американските тешкаши и притоа да чини помалку. Еден од веројатните исходи на парискиот самит е дека компаниите и организациите ќе донираат првични 500 милиони долари, кои во текот на пет години ќе достигнат 2,5 милијарди долари, со цел финансирање на проекти од областа на вештачката интелигенција од јавен интерес ширум светот.

Испрати коментар

Scroll To Top