Инженерската институција на Македонија (ИМИ) по повод 21. март, Денот на македонските инженери, избира млад инженер на годината за 2024.
Целта на ова ново признание е најширока и најефикасна промоција на младите инженери на национално и меѓународно ниво, што директно ќе придонесе младите луѓе да ја избираат инженерската професија.
Критериуми при изборот на млад инженер на годината се:
- инженерски достигнувања во 2024 година
- лидерство и инспирација за помладите генерации
- креативност и иновативност
- споделување на знаење и ангажираност во заедницата
- општествено и етичко влијание
Старосната граница за пријавување е 35 години.
Повикот е отворен до 25 февруари 2025 година.
Признанието свечено ќе се додели на 20 март 2025 година, по повод Денот на македонските инженери.
ПРИЈАВЕТЕ СЕ НА ЛИНКОТ: https://bit.ly/prijava-yeps