Насловна / Вести / Бил Гејтс гради нуклеарна електрана

Бил Гејтс гради нуклеарна електрана

Минатиот месец, компанијата TerraPower, чиј главен финансиер е Бил Гејтс, доби дозволи за изградба на нуклеарна постројка за производство и складирање на електрична енергија. Постројката Kemmerer Power Station Unit 1, ќе биде нуклеарна фисиона електрана од новата генерација, со помал и модуларен дизајн, прва од таков вид во светот. Реакторот е планирано да има капацитет од 345MW, и ќе биде ладен со натриум.

Изградбата ќе започне оваа година, при што целата пратечка инфраструктура ќе биде завршена во 2026 година. Само неколку дена по добивањето на дозволите, компанијата TerraPower објавила дека потпишан е стратешки договор со компанијата Sabey Data Centers, специјализирана за изградба и управување со дата центри. Во иднина, тие ќе ја купуваат енергијата не само од оваа електрана, туку и од другите две нуклеарни електрани кои TerraPower планира да ги изгради во Вајоминг и Тексас.

Испрати коментар

Scroll To Top