Westinghouse Electric Company и EdF спроведуваат физибилити студија за мова нуклеарна електрана „Кршко 2“, која е планирано да биде на истата локација како постоечката. Станува збор за проект на нова нуклеарна електрана која ќе се состои од еден или два блока со капацитет до 2400MW. Постоечката електрана „Кршко“ има вкупен капацитет од 696MW, и произведува околу една третина од електричната енергија во земјата. Објектот е во заедничка сопственост на хрватската HEP и словенечката GEN Energija.
По разговорите со потенцијалните добавувачи на нуклеарни електрани – EdF, Korea Hydro & Nuclear Power (KHNP) и Westinghouse, тим во мај минатата година ги проценил трошковите во опсег од 9,314 милијарди евра за блок од 1000MW и до 15,371 милијарди евра за блок од 1650MW.
Од испораката на првата единица на „Кршко“, која успешно работи од отворањето во 1983 година, Westinghouse изградил повеќедецениско партнерство со GEN Energija преку оперативна поддршка. Затоа и не изненадува нивниот ангажман на изработка на студијата. Минатата година Westinghouse, EdF и KHNP биле понудувачи за нова нуклеарна електрана во Чешка. Овој тендер го добива KHNP, а ECP договорот се очекува да биде потпишан до крајот на март.