Насловна / Вести / КЕК објави оглас за рехабилитација на термоцентралата „Косово А“

КЕК објави оглас за рехабилитација на термоцентралата „Косово А“

После 55 години работа, еден од блоковите на термоцентралата на јаглен „Косово А“, во близина на Приштина, ќе подлежи на рехабилитација вредна 137.3 милиони евра. Заинтересираните компании можат да се пријавуваат на огласот за предквалификација до 3-ти март. Целта на рехабилитацијата на постројката со која управува државното електростопанство на Косово (KEK) е зголемување на капацитетот и ефикасноста на блокот A3, со истовремена редукција на емисиите на полутанти за 55% до 66% со цел усогласување со ЕУ директивите. Ова е прва значителна реконструкција на термоелектраната уште од 1970 година кога била изградена.

Експлоатациониот век се планира да се зголеми за уште 20 години, а капацитетот ќе биде 215 MW, наместо сегашниот максимален опсег од 120 MW до 140 MW. Избраниот изведувач мора да го зголеми бројот на работни часови на 7.700, наместо сегашните 5.400. Досега блокот A3 има работено 260.000 часови. Потрошувачката на јаглен по произведен MWh електрична енергија треба да се намали на 1,15 тони, од сегашните 1,6 тони.

Испрати коментар

Scroll To Top