Насловна / Архитектура / Still Bend – куќа од соништата на Френк Лојд Рајт

Still Bend – куќа од соништата на Френк Лојд Рајт

Во 1938 година, Френк Лојд Рајт влегол во најпродуктивниот период од својот живот и повторно бил во центарот на вниманието на медиумите.

The Architectural Forum посветил цел број на неговата работа. Time Magazine објавил насловна страница со наслов „Usonian Architect“, административната зграда „Johnson Wax“ била во изградба, а неодамна завршената „Fallingwater“ се прославувала ширум светот.

Токму во тој период, LIFE Magazine, во соработка со The Architectural Forum, го поканиле Рајт да учествува во написот наречен „Осум куќи за модерно живеење“.

LIFE нарачал проекти за „Куќа од соништата“ за четири типични американски семејства со приходи во распон од 2.000 до 10.000 долари годишно. Еден традиционален и еден модерен архитект биле задолжени за изработка на проектот куќа за секое семејство.

Френк Лојд Рајт проектирал модерна куќа за семејството Blackbourn од Минеаполис кои имале приход од 5.000-6.000 долари годишно. Blackbourn биле воодушевени од проектот на Рајт, но наишле на голем број пречки и не биле во можност да го изградат проектот.

На сцена стапуваат Bernard и Fern Schwartz

Во Висконсин, Bernard Schwartz, бизнисмен од Two Rivers, заедно со својата сопруга Fern биле подготвени да изградат дом каде што ќе го одгледуваат својот мал син Steven. Биле претплатени на LIFE Magazine и биле заинтригирани од проектот на Рајт објавен во списението кој претставувал негово видување на „куќа од соништата“.

Така му дале можност на Рајт да ја изгради својата „куќа од соништата“ од LIFE во Two Rivers, Висконсин. Bernard и Fern Schwartz отпатувале во Талиесин, каде Френк Лојд Рајт, нестрплив да го види проектот од списанието изграден, бил среќен да го исполни нивниот сон да поседуваат куќа проектирана од Рајт.

Фотографија од 1940 година на Still Bend набрзо по изградбата

Рајт го изменил проектот од LIFE заменувајќи ги материјалите од штукатури и камен со црвено дрво од чемпрес и летвички и црвена тула.

Тој продолжил да го доработува проектот со зголемување на висината на дневната област, правејќи простор за прекрасен балкон на вториот кат со поглед на долгата просторија за рекреација.

Френк Лојд Рајт во посета со Bernard Schwartz на кровот на Still Bend во 1941 година

Рајт го проектирал ентериерот, а исто така и мебелот и додатоците: маси, столици, прекривки, кревети, чинии за овошје, светилки и кауч со вградени полици за книги.

Schwartz бил презадоволен од резиденцијата која ја нарекол Still Bend, а Рајт продолжил да проектира бројни додатоци. Тоа вклучуваало проширена помошна просторија за сместување на дрва, обемни планови за уредување на околината, пергола што води од куќата до мала фарма и сложена куќа за чамци што требало да се изгради на реката East Twin која тече под куќата.

За жал, ниту еден од овие проекти не е изграден. Bernard и Fern многу ја сакале својата нова куќа и таму го одгледале својот син Steven.

Куќата од соништата денес

Во 1971 година, семејството Schwartz го продале својот сакан дом на втор сопственик кој живеел во куќата триесет и три години, одгледувајќи во неа пет деца.

Денес куќата е во сопственост на браќата Gary и Michael Ditmer. Тие со љубов ја обновуваат, се грижат и ставена е на располагање на јавноста.

Still Bend нуди јавни обиколки, едукативни програми, а исто така е достапна за изнајмување за луѓето да ја искусат магијата на живеење во ремек-дело проектирано од Френк Лојд Рајт.

Touring Still Bend е одличен начин да дознаете повеќе за куќата и да го доживеете ремек-делото на Рајт од прва рака. Доколку сте во можност посетете ја куќата и впијте го амбиентот. Истражете ги собите и имотот. Откријте ја визијата на Рајт за тоа како просечното американско семејство може да ужива во модерен живот.

Испрати коментар

Scroll To Top