На 24.01.2025 во просториите на Комора на овластени архитекти и овластени инженери се одржа првиот по ред настан во живо оваа година од серијата активности на тема BIM на Смарт Солушн Македонија.
Голема благодарност до Димитар Хаџиев и Никола Нисев од New Vision/ Molior Скопје за нивното учество, извонредното предавање и споделување на нивните искуства: „Имплементација на BIM при проектирање на индустриски објекти- временска рамка, чекори на имплементација и искуства“.
Димитар Хаџиев е дипломиран инженер архитект, својата професионална кариера ја гради во сферата на проектирање на Индустриски објекти каде што како менаџер на својата компанија, а исто така и како главен проектант во последните 14 години раководел со повеќе од 20 поголеми индустриски проекти во и вон Македонија. Како менаџер на компаниите New Vision и Molior во последните 12 години оформува тим од 17 иженери во различни области со цел да обезбеди професионална комуникација и координација помеѓу сите учесници во еден копмлексен проект како и да обезбеди средина со потенцијал за развој и на младите генерации да стекнат соодветно проектантско искуство во соработка со сите учесници.
Никола Нисев е докторанд и соработник на Градежен факултет Скопје – Катедра за метални конструкции, раководител на градежен сектор во New Vision/ Molior и еден од основачите на НИТЕН ИНЖЕНЕРИНГ. Веќе седум години активно работи на имплементација на BIM технологијата во градежништвото преку проектирање на станбени и индустриски објекти во софтверските пакети на Autodesk. Голема благодарност и до Комора на овластени архитекти и овластени инженери за нивната постојана поддршка во реализација на овие активности кои што сметаме дека се од голема корист за сите членови на Комората и за сите професионалци од оваа област.
*Комерцијален текст