Насловна / Вести / Трамп ги враќа фосилните горива во прв план

Трамп ги враќа фосилните горива во прв план

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во својот инаугурационен говор вети намалување на цените на енергентите, со акцент на зголемување на производството на нафта и гас. Истакна дека неговата администрација ќе го прекине зелениот New Deal (поттикнување на декарбонизацијата), и обврската за електрични возила, односно ќе им овозможи на граѓаните да купуваат автомобили од било каков вид. Имено, Трамп најави олабавување на прописите предвидено да стапат на сила во 2027 година, и ја обврзуваат автомобилската индустрија да ги преполови емисиите на возилата од лесна и средна категорија.

Еден од столбовите на идната енергетска политика е зголемување на производството на нафта и гас. „Инфлациската криза ја предизвикаа огромната и прекумерна потрошувачка и растот на цените на енергентите, и затоа денес ќе прогласам вонредна состојба во енергетиката на национално ниво“, порача Трамп. Вонредната состојба на национално ниво ќе овозможи укинување на прописите поврзани со производството на фосилни горива. Тука особено се важни Алјаска, наоѓалиштата под море и проектите за нафтоводи и гасоводи. Трамповата кампања се потпираше и на субвенции за отворање на нови работни места во овој сектор. Во своето обраќање воопшто не ги спомена климатските промени.

Испрати коментар

Scroll To Top