Општина Аеродром деновиве врши поправање на дупките зад трговскиот центар „Капитол мол“.
Поради тоа се повеќе возила се движат и се паркираат во овој реон, па на еден од паркинзите зад трговскиот центар се отворија неколку поголеми дупки кои им создаваа проблеми на возачите кои тука паркираа.
Дупките коишто им задаваа проблеми на граѓаните и возилата, ќе станат минато за жителите на оваа општина но и за останатите посетители.