Насловна / Вести / Компанијата SpaceX неуспешно тестираше нова ракета

Компанијата SpaceX неуспешно тестираше нова ракета

Компанијата SpaceX ја лансираше најновата верзија на својата ракета Starship, но таа се распаднала во текот на пробниот лет, откако отпаднал нејзиниот долен дел. Според извештајот на компанијата, контактот со леталото бил изгубен осум минути по лансирањето. Ракетата висока 123 метри е лансирана од Тексас, со задача да направи речиси полн круг околу Земјата, носејќи десет пробни сателити.

Последните примени податоци покажале дека Starship достигнал височина од 146 километри и брзина од 21.316 километри на час. Извршниот директор на компанијата Илон Маск, на платформата X објаснил дека прелиминарната анализа укажала на течење на гориво. Starship е најмоќната ракета на светот, а ова е нејзин седми тест. NASA планира да го користи Starship за спуштање на астронаути на Месечината до крајот на деценијата, додека Маск сака да го колонизира Марс. Во меѓувреме, на Флорида е реализирано лансирањето на ракетата New Glenn на компанијата Blue Origin.

Испрати коментар

Scroll To Top