Насловна / Арт и дизајн / Lamborghini претставува ограничено издание на елегантна и луксузна… детска количка (ВИДЕО)

Lamborghini претставува ограничено издание на елегантна и луксузна… детска количка (ВИДЕО)

Ако купувањето Lamborghini е вашиот далечен (и скап) сон, има полесен начин да го внесете луксузниот бренд во вашиот дом: набавете си дете, а потоа купете Lamborghini Limited Edition детска количка…

На овој начин, без разлика на се, ќе го паркирате вашето Lamborghini дома. Reef AL Arancio е резултат на соработката помеѓу италијанскиот производител на автомобили и брендот за бебиња Silver Cross. Британскиот бренд, познат по повеќе од еден век искуство во производство на колички, сега нуди модерен и софистициран производ кој далеку ги надминува вообичаените слатки дизајни на конкуренцијата.

Оваа количка, вистински супермодел меѓу производите за деца, доаѓа со карактеристични  Lamborghini детали, како што се кожни и антилоп акценти, шасија со прашкаст премаз, портокалови детали и, се разбира, препознатливото логото на Lamborghini. Фил Тејлор, директор на дизајн во Silver Cross вели: „Инспирацијата ја црпевме од главните столбови на брендот Automobili Lamborghini – смелоста, неочекуваноста и автентичноста. Оваа ексклузивна соработка ја истакнува исклучителната изработка и иновативноста на тимот на Silver Cross, како и нашата посветеност на деталите и извонредноста во секој аспект на дизајнот“.

Оваа луксузна количка ќе се произведува во ограничена серија од само 500 парчиња и ќе биде достапна од почетокот на годинава во одредени земји низ светот. Иако цената на моделот Reef AL Arancio се уште не е објавена, имајќи предвид дека слични производи од истата категорија чинат и по 1.000 долари, јасно е дека ова нема да биде евтина инвестиција.

Значи, ако сакате вашето бебе да се вози во количка со стил и луксуз на Lamborghini, оваа соработка помеѓу Lamborghini и Silver Cross нуди совршена можност за тоа.

Испрати коментар

Scroll To Top