Голем кров обложен со бамбус ги поврзува просторите во центарот на заедницата Bamboo Gate во паркот Mabi Reconstruction Disaster Prevention, Јапонија, проектиран од бирото Kengo Kuma and Associates.
Проектирана да ги обликува погледите на околината, зградата има два волумена одвоени со отвор за да и дадат форма што личи на порта.
Наречен Bamboo Gate, центарот на заедницата се наоѓа во градот Маби во префектурата Окајама, кој беше оштетен од поплави во 2018 година.
Зградата и околниот парк Mabi Reconstruction Disaster Prevention проектирани се од Kengo Kuma and Associates за да се обезбеди јавен простор отпорен на катастрофи по градот.
Едната страна на зградата, која е обложена речиси целосно со бамбус, содржи складиште за итни случаи.
Скулптуралнот кров се извива од овој магацин и формира столб во средиштето на центарот на заедницата, кој има стаклени ѕидови и кој ќе се користи како простор за настани.
Кровот се надвива над двата волумени за да го засенчи надворешниот простор околу зградата.
„Големите бамбусови стреи кои се протегаат во околината отворени се како ветре за да ги заштитат луѓето од дождот и сончевата светлина“, велат Kengo Kuma and Associates.
Поплочената патека формира оска низ отворот во Bamboo Gate, проектирана да ги поврзува реката, градот и околните планини.
„Голема дупка низ центарот на Bamboo Gate е направена од бамбус, локален специјалитет на Маби“, велат архитектите за Dezeen.
„Овој отвор ја прима оската од градот и реката, а преку отворот се поврзува вревата на градот и прекрасната природа на реката Ода и планините.