На 2 јули во 20 часот во мобилната галерија „CAC“ во паркот на Франкофонијата во Скопје, ќе се отвори изложбата „Размена на искуства и информации во јавен простор“. Автори на проектот се Дамјан Кокалевски и Милан Диневски со групата РЕАКЦИЈА 15.2. Овој проект е дел од интернационалната работилница насловена РЕАКЦИЈА (МЕДС 2013), составена од низа мали урбани интервенции и акции лоцирани во маалото Граса во Лисабон, Португалија. Главната идеја на работилницата е поттикнување на алтернативна употреба на јавниот простор преку креативен пристап. Во исто време работилницата се спротиставува на процесот на гентрификација, кој радикално ја менува структурата на маалото.
Изложбата е воедно и промоција на интернационалниот креативен фестивал „Скопски креативен простор 2014“, кој ќе се одржи од 29 август до 7 септември 2014.
Изложбата е продукција на CITY CREATIVE NETWORK (CCN) од Скопје и галеријата „МКД“ од Љубљана.