Минатат година, Европа добива 20% од потрошената електрина енергија од ветерот, а на ниво на ЕУ членки, тој удел изнесува 19%. Ова е проценката на асоцијацијата WindEurope, која напоменува дека ЕУ го зголемила капацитетот за само 13GW, од кои 1,4GW се офшор. Но, за постигнување на зацртаните цели во енергетскиот сектор, потребни се 30GW годишно.
Голем број од државите членки не ги примениле новите прописи на ЕУ за издавање на дозволи, се одложува приклучувањето на електраните, и сл. ЕУ планира најдоцна до 2030 година, уделот на потрошувачката на електична енергија од ветер да достигне 34%, а до 2050 година да биде повеќе од половина. Што се однесува до процесот ан издавање на дозволи, Германија се посочува како позитивен пример, што резултирало и во значителен пораст на енергијата од ветерот во енергетскиот микс. Со оглед на бавната процедура за приклучување на мрежа, во моментот повеќе од 500GW во ЕУ чекаат да бидат поврзани на системот.
Ваквите состојби го оневозможуваат процесот на напуштање на фосилните горива и елекричикација на економијата. Имено, електричната енергија сега изнесува 23% во целокупната потрошувачка на енергија во ЕУ, а целта е тој удел во 2050 да биде 61%. Но, стапките на електрификација стагнираат, посебно во сегментите на мобилноста, греењето и и индустриското производство.