Во дејствувањето на граѓанскиот сектор во нашето општество, во областа на архитектурата и урбанизмот, започна со работа нова невладина организација. На 26.11.2024 година, се одржа промоција на Организацијата за развој, заштита и промоција на урбанизмот, архитектурата и културното наследство УРБ – АРХ – Скопје, во Младинскиот Културен Центар во Скопје.
Организацијата е основана од група професионалци и истражувачи кои го делат интересот за унапредување на урбанизмот, архитектурата и заштитата на културното наследство. Нејзините цели вклучуваат поттикнување на соработката помеѓу жителите во населбите, професионалците и институциите; промовирање на иновативни проекти и иницијативи, како и обезбедување поддршка за младите архитекти и урбанисти.
Вечерта на промоцијата се обратија проф. д-р Александра Ступар и проф. д-р Мирјана Деветаковиќ Радојевиќ од Архитектонскиот факултет при Универзитетот во Белград, како и д-р Дамјан Балкоски. Се истакна важноста на интеграцијата на урбанизмот и архитектурата со културното наследство, како и улогата на иновациите во создавањето одржливи заедници и се истакна потребата од младинска енергија и визија во креирањето на подобра урбана иднина.
Основна цел на Организација УРБ-АРХ – Скопје е: заштита, развој, унапредување и промовирање на урбанизмот, архитектурата и културното наследство, какo и заштита на животната средина во РСМ, Балканските простори, а во соработка со меѓународни здруженија и организации и урбанистичките и архитектонски вредности во европските и светски простори.
Активностите на Организацијата УРБ-АРХ – Скопје ќе бидат насочени за:
- Организирање јавни трибини при подготвување на закони и други прописи за конкретните области на дејствување
- Чување и одржување на определени работи од значење на недвижно културно наследство во државна сопственост согласно определен закон
- Организирање јавни и стручни расправи за донесување на закони и прописи
- Консултантски услуги при одлучување и решавање на конкретни задачи од карактеристичните области
- Анализи и презентирање на урбанистички и архитектонски проекти и примена на нови технологии
- Вклучување во следење и анализирање на примената на националните и релевантните меѓународни прописи од областа
- Развивање на нови методологии и механизми за развој и унапредување на системите
- Реализирање проекти од национален интерес за унапредување на урбаниот развој, архитектурата, заштитата на културното наследство и заштита на животната средина
- Обезбедување материјални, финансиски и правни услови за работа на здружението
- Организирање и спроведување на обуки за развој на капацитетите на здружението
- Одржување на практични работилници, настани, како и теориски истражувања на концептот создавање места (placemaking).
Членови на управниот одбор на здружението УРБ-АРХ – Скопје се: д-р Дамјан Балкоски, д.и.а., д-р. Ванѓел Дуновски, д.и.а., д-р. Мирјана Деветаковиќ Радојевиќ, д.и.а., Александра Новаковска, дипл. правник и Ангел Златановски, д.и.а.
МИСИЈАТА на УРБ-АРХ е:
Унапредување, заштита и промоција на урбаниот развој, архитектонските вредности и културното наследство, создавајќи одрживи и иновативни простори за идните генерации. Низ образованието, соработката и истражувањето, ја поттикнуваме јавната свест за значението на урбанизмот, архитектурата и културното наследствоза создавање на подобри заедници.
Додека ВИЗИЈАТА е:
Да се учествува во градење на простори во кој градовите и населбите го почитуваат минатото, се насочуваат кон одржива иднина овозможувајќи хармонично и квалитетно живеење. Создавање на заедница која ги препознава вредноста на културното наследство, ги следат современите архитектонски практики и создаваат инклузивни, функционални и естетски богати урбани простори.
Основа на целите и дејствувањето на УРБ-АРХ е Националната Развојна Стратегија за приоритетите на државата и општеството за обезбедување на инклузивен, зелен и одржив развој. Во тој контекст е и предизвикот од сегашната состојба на ниското ниво на средства што се издвојуваат за истражување и развој во Македонија 0,4 отсто, а во ЕУ 2,3 отсто, како и потребата од итни промени и сериозно инвестирање во истражувањето и развојот, како витални активности во градењето на општеството.
Целите ќе бидат насочени кон:
- Одржлив урбан развој
- Промовирање на одрживи урбанистички планови и концепти кои ја штитат животната средина и го унапредуваат квалитетот на живеење
- Пружање подршка во имплементација на одрживи урбанистички прописи, архитектонско-градежни стандарди, енергетски ефикасни и еколошки прифатливи решенија.
- Рамномерен регионален развој
- Промоција на концептот “создавање места” (placemaking)
- Одржување на практични работилници, настани, како и теориски истражувања за изучување на концептот „создавање места” (placemaking),
- Соработка за практична примена на концептот „создавање места” во урбаните средини, како проекти со општините
- Подржување на иновативна архитектура и дизајн
- Поттикнување на млади урбанисти и архитекти за иновативни проекти низ конкурси и проекти со државни и локални институции
- Организација на изложби, предавања и публикации кои ја промовираат современата архитектонска пракса во содејство со уметноста и со културното наследство.
- Промовирање на воведување на нови технологии и ВИ во урбанизмот и архитектурата
- Заштита на културното наследство
- Идентификација и документирање на вредни урбанистички и архитектонски објекти и композиции
- Иницијативи за заштита на загрозени објекти, споменици и комплекси од културно значење
- Соработка со централни, локални и меѓународни организации за подигнување на јавната свест за значението на кутурното наследство
- Јакнење на локалните заедници
- Организирање на работилници, семинари и јавни собири за да се зголелеми јавната свест за вредностите на урбанизмот, архитектурата и културното наследство.
- Вклучување на локалната заедница и граѓаните во процесите на планирање и одлучување во однос на развојот на урбаните средини.
- Одржлив локален и рурален развој
- Соработка со владини и јавни институции
- Активно учество на јавни настани организирани од владините институции кои се однесуваат на урбаниот развој и зачувување на културното наследство.
- Соработка со централните власти и учествување при изработка на закони во областа на урбанизмот, градењето, заштита на културното на следство и заштита на животната средина.
- Меѓународна соработка
- Поврзување со меѓународните организации со размена на знаења и искуства во конкретните области на дејствување.
- Учество во регионални и глобални иницијативи за промовирање на урбаниот развој и зачувување на културното наследство.
- Подршка на евроинтегративните процеси за членство во ЕУ
Воспоставувањето значаен дијалог и соработка меѓу Владата и граѓанските организации во создавањето на поволно опкружување за развој на активно граѓанско општество е важен предуслов за постигнување на рамномерен регионален развој во државата и подигнување на квалитетот на развојните перформанси на економијата и иновативноста за одржливост на општеството.
УРБ-АРХ претставува можност за соработка, креативност и промоција на иновации во областите на архитектурата и урбанизмот, промоција на културното наследство и ќе иницира заеднички соработки во нашата држава и во соседните земји со цел одржлив урбан развој на градовите и регионите.
Автор: д-р Дамјан БАЛКОСКИ, дипл.инж.арх.