Своите значајни постигнувања во енергетиката во 2024 година, Кина ги заокружи со отворањето на најголемата реверзибилна хидроцентрала на светот. Хидроелектраната „Фенгнинг“ се наоќа во истоимениот округ северно од Пекинг. Во сосптвеност е на компанијата State Grid Corp. of China (SGCC). Се состои од 12 реверзибилни агрегати, секој од по 300MW. Досега најголемата реверзибилна хидроцентрала во светот беше Bath County во САД. Електраната „Фенгнинг“ја има и најголемата подземна машинска зграда во светот. Реверзибилните хидроелектрани и натаму се единствената конвенционална технологија која сочинува 90% од капацитетите за складирање приклучени на мрежа на светско ниво.
Иако Кина не го намалува уделот на јагленот во производството на електрична енергија, во таа земја сепак се изградени повеќе од половината од капацитетите на солар и ветер на светско ниво. Земјата е значаен инвеститор и во Југоисточна Европа. На пример, во Србија во подготовка се неколку проекти за ветерни електрани, соларни паркови и зелен водород, додека споменатата компанија State Grid, во ноември потпиша договор за купување на 20% во проектот Ariadne Interconnection во Грција. Станува збор за подморски вод за еднонасочна струја со висок напон (HVDC), кој е веќе во фаза н атестирање. Интерконекцијата е со должина од 335 километри и ги спојува полуостровот Атика со островот Крит.