Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / „Гаспром“ и ОМВ се договорија за Јужен поток

„Гаспром“ и ОМВ се договорија за Јужен поток

omv_gazprom_plynovod_jun_2014
Изградбата на австрискиот дел од гасоводот Јужен поток е договорена. Гасоводот треба, заобиколувајќи ја Украина, од 2017 година да транспортира руски гас од бугарскиот Црноморски брег и Унгарија до Австрија и треба да има капацитет од 32 милијарди кубни метри гас.

Документот меѓу рускиот концерн „Гаспром“ и австриски ОМВ беше потпишан на маргините на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Австрија, пренесува Deutsche Welle. Шефот на ОМВ, Герхард Роис, се обиде да ги распрсне сомневањата во врска со гасоводот. Според него, гасоводот е во согласност со европското право. ЕУ пак има задршки околу проектот. Бугарија привремено ги запре работите околу гасоводот и најави дека ќе дејствува во согласност со укажувањата на Брисел. Гаспром тврди дека и покрај тоа изградбата на Јужен тек е во согласност со временскиот план.

Испрати коментар

Scroll To Top