Градската власт се подготвува за изградба на нов плоштад на коритото на Вардар, под црквата “Света Богородица”. Според проектот, кој веќе се изработува, тој нема да биде голем и со нови скали ќе биде врска меѓу кејот и коритото. Градоначалникот Трифун Костовски покрај ова најави и уредување на двата брега на реката Вардар. “Ќе издвоиме дополнителни 30 милиони денари за уредување на брегот на Вардар”, вели Костовски.
Т.Г.
Објавено во број 91.