Двајца кинески астронаути, ја завршиле деветчасовната мисија надвор од вселенската станица „Тиангонг“, соборувајќи го досегашниот рекорд во вселенска прошетка. Податоците на NASA покажуваат дека претходниот рекорд постигнат од американските астронаути е 8 часа и 56 минути, кој датира од 2001 година. Руските космонаути се под оваа бројка.
Во текот на мисијата, кинеските астронаути поставиле штитови на вселенската станица, со цел да ја заштитат од вселенски отпад и да ги прегледаат разните инструменти. Продолжените вселенски прошетки се овозможени со новиот дизајн на вселенските одела.
Вселенската станица „Тиангонг“ (Небесна палата) е клучен дел од кинеската вселенска програма со човечки екипаж. Станицата во форма на буквата „Т“ се состои од средишен јадрен модул и два лабораториски модули. На станицата моментално има тројца астронаути кои во октомври се пристигнати во шестмесечна мисија.