Aрхитектот Charles Gwathmey ја проектирал Gwathmey Residence and Studio за своите родители во 1965 година. Куќата се наоѓа на рамна локација од скоро 5.000 квадратни метри на источен Long Island, Њујорк во близина на океанот опкружена со неизградено земјиште (оваа земја било планирано да се користи за доградба на куќата). Како негов прв станбен проект, Gwathmey добил слобода од неговите родители да има целосна контрола врз проектот се додека тоа се вклопува во нивниот буџет од 35.000 долари.
Gwathmey имал намера куќата да биде скулптура на локацијата, а кон тоа пристапил така што издлабил примитивни форми, како што се коцки, за да создаде различни простори. „Длабењето“ на овие простори е одредено од одговорите на локацијата, сончевата ориентација, програмата и структурата. Предвидените простори за оригиналната куќа од 1200 квадратни метри биле дневен и трпезаријски простор, кујна, главна спална соба и студио, две спални соби за гости и работна соба.
Поради ограничениот буџет, за куќата е развиен вернакуларен јазик, за подоцна овој систем да се користи за идната изградба. На проектот му се пристапило парцијално со што е создадена вертикална шема и организација на просторите.
Куќата може да се подели на три различни нивоа: „база“, која претставува локација на работната соба, покриената тераса и собите за гости, нивото „погодно за живеење“ кое ги содржи дневната соба, трпезаријата и кујната и третото ниво, кое воедно е и најприватен простор, со главната спална соба и студио кои се турнати наназад со балкон кој гледа на дневната соба со двојна висина. Со тоа што го направил второто ниво со повеќе јавни простории, Gwathmey воспоставил нов однос помеѓу јавниот простор и нивото на приземје, создавајќи ситуација единствена во однос на конвенционалните станбени проекти.
Една година по завршувањето на куќата, изградена е доградба со ново студио и гостинска соба. Доградбата е посебна зграда, но ја вклучува истата идеја за издлабување простори од геометриска форма што било скулптурално на локацијата, а делот од оригиналната куќа исто така е искористен во проектот.
Новото студио и гостинска соба оддаваат впечаток на подвижен предмет, за разлика од оригиналната куќа која изгледа вкопана во земја. Доградбата е поставена под агол од 45 степени во однос на оригиналната зграда создавајќи аголна состојба наспроти фасада, што е динамично сама по себе и со локацијата.
Конструкција од дрвена рамка покриена со кедрова обвивка за ентериерот и ентериерот користена е и за резиденцијата и за студиото. Некои прозорци се поставени исклучиво во самата облога од кедар, додека други имаат рамки обоени во црвена, жолта или црна боја.
Се смета дека се инспирирани од куќите на Ле Корбизје во Cité Henri Frugés (особено забележливо на надворешноста со заоблените скали во инаку праволиниска шема), Long Island Residence and Studio на Gwathmey ги нагласуваат тродимензионалните објекти преку волуметриско преплетување на цврсти тела и материјали, како што се стаклото и дрвото за создавање функционални празнини.
Проектантскиот пристап, исто така е чекор кон модернизмот, а совршената геометрија во неговите волумени создала пространи простори во кои Gwathmey подоцна и самиот се вселил.