Тениска приказна во форма на стрип, изгрејсонце над Булоњската шума, разговор на играчите сами со себе, возишки од публиката и ноќта која се спушта над трибините во очекување на следниот ден. Сето ова може да се види на новиот официјален плакат за престижниот грен слем Roland Garros 2025.
Уште од 1980 година, реномирани уметници на оригинален начин го следат овој тениски турнир. Овојпат, изборот паднал на францускиот ликовен уметник Marc-Antoine Mathiex, кој особено се истакнува во стрип изразот. Токму во свој стил го направил плакатот, или како што би рекле французите – affiche за следното издание на Rolan Garros, кој по традиција ќе се одржи во последната седмица од мај и првата седмица од јуни.
Станува збор за стрип со имагинарна приказна. Изработен е во темни тонови, како да има за цел да ги промовира ноќните мечеви кои во последно време стануваат нов заштитен знак на турнирот. Авторот сепак вели дека нуди најотворена можна интерпретација, односно му го остава изборот на набљудувачот. Интересна е и играта на светлото и сенките, а посебна симболика даваат белите линии, Од една страна тие се неопходни за структурата на стрипот, но од друга го ограничуваат тенискиот терен. Така авторот ги спојува спортот и уметноста.
Интересно е да се спомене дека автор на еден од првите плакати за овој грен слем, поточно оној од 1983 година е дело на уметник од нашиот регион, односно српскиот уметник Владимир Величковиќ.