Насловна / Вести / Франција следната година би можела да загуби 100.000 градежни работни места

Франција следната година би можела да загуби 100.000 градежни работни места

Франција следната година би можела да загуби 100.000 градежни работни места, предупреди Француската градежна федерација.

Законот со кој се воведуваат нови мерки во станбената изградба за 2025 година во моментов е замрзнат поради политичката криза, а без него француската градежна индустрија очекува бројни отпуштања следната година, изјави претседателот на федерацијата Оливие Салерон.

Според прогнозата на организацијата, активноста во француското градежништво ќе падне за 6,6 отсто на крајот на 2024 година, пред се поради стагнацијата во новоградбата.

„Вработеноста годинава остана на многу високо ниво, на штета на продуктивноста, но, без мерки за поддршка, во 2025 година ќе има голем пад на вработеноста во градежништвото“, предупреди Салерон.

Според прогнозите, следната година новоградбата ќе падне за дополнителни 14,6 отсто.

Испрати коментар

Scroll To Top