Во текот на оваа година, Бугарија објави повик за грантови за самостојни единици за складирање на енергија. Министерството за енергија на Бугарија подготвило над 580 милиони евра во грантови за вакви проекти. Пристигнатите пријави во склоп на оваа програма RESTORE, која се спроведува во рамките на Националниот план за опоравување и отпорност, биле речиси четири пати поголеми од достапниот буџет. Имено, до крајниот рок – 5-ти декември, поднесени биле 151 проект со вкупна вредност од 2,55 милијарди евра.
Владата се стреми да обезбеди најмалку 3GWh гарантиран капацитет за складирање преку овој повик, иако пресметките покажуваат дека со оптимирани услови во буџетот, би можел да биде постигнат двојно поголем капацитет од наведениот. Сите овие системи за складирање мора да бидат оперативни до март 2026 година. Во претходниот повик за проекти фокусирани на системи за складирање, избрани се проектите, но договорите сеуште не се потпишани, што укажува на одредени логистички и административни предизвици во секторот и загриженост.