Насловна / Архитектура / Данон центар за истражување и иновации

Данон центар за истражување и иновации

Новиот центар за истражување и иновации на Данон е објект со импресивно архитектонско и конструктивно решение. Имено се работи за објект кој е изграден од дрво како главен конструктивен материјал. Секако, кога се набљудува објектот не може, а да не се забележи естетската вредност која дрвото му ја дава на објектот и во корелација со одличното архитектонско решение создава одлична функционалност и прекрасен амбиент за работа.

Сместен на Plateau de Saclay, во предградието на Париз, Франција, новиот центар за истражување и иновации на Danone Group, е објект кој е сертифициран со многу ниска стапка на јаглероден отпечаток и овозможува развој и тестирање на идни иновации.

Архитектонски, In’Cube ја оживува средбата на две визии, онаа на групата Danone, посветена на иновации, здравје преку храна, еколошка одржливост и потрага по најдобриот сооднос на животот и работата; и онаа на проектантското биро Arte Charpentier кое ја визуализира својата визија преку интегрирање на техничките и законските аспекти на производството, одржливоста на материјалите, кружната економија и екоодговорната и креативна архитектура.

Оваа заедничка амбиција ќе овозможи да се создаде уникатен центар на извонредност, широко поврзан со светот и пример во областа на зградите со низок јаглероден опечаток, особено благодарение на сеприсутната употреба на дрво и други материјали со многу мало влијание врз животната средина.

Во овој нов центар за истражување и иновации се сместени повеќе од 600 луѓе стручни од областите на исхрана, искуство на потрошувачите, развој и дизајн на производи, со амбиција да ја поттикнат утрешната револуција во храната, да поттикнат соработка со стартапи во технологијата за храна и да ги забрзаат иновациите.

n’Cube е целосно дизајниран за развој на нови методи и начини на работа во срцето на развојот. In’Cube е во симбиоза со својот екосистем на добавувачи, стартапи и потрошувачи и се справува со предизвиците на храната со професорите и студентите од Универзитетот Париз-Саклеј кој се наоѓа во непосредна близина.

Архитектурата на зградата обезбедува транспарентност во јавниот простор и овозможува да се открие целиот индустриски процес на производство, микрофабриката и активностите што се случуваат таму. Со висина од 24 метри, In’Cube совршено се вклопува во својата правоаголна основа долга 90 метри и широка 75 метри, неговата особеност лежи во неговата форма на буквата U, додека на врвот е поставен покрив што пропушта дневно осветлување.

Конструктивниот модел усвоен на In’Cube е хибриден и во согласност е со сите енергетски регулативи. Бетонскиот „под” е употребен за да се ограничи деформацијата предизвикана од диференцијалното слегнување на почвата.

Фундаментите се изработени од армиран бетон, на места преднапрегнат поради носивост, како и од челични греди поради нивната виткост и лесна монтажа. И конечно, дрвната конструкција која е комбинација од лепени ламелирани плочи (CLT-Cross Laminated Timber) за меѓукатните конструкции и ламелирани греди и столбови за скелетната конструкција.

In’Cube, исто така е објект со висок степен на префабрикација. Со тоа се намалува звучното загадување на градилиштето, значително се зголемува квалитетот на градењето, а со тоа се намалува времето потребно за изградба.

Испрати коментар

Scroll To Top