Насловна / Архитектура / Неконвенционална куќа во предградие на Лондон

Неконвенционална куќа во предградие на Лондон

Темно сив кров во облик на школка ѕирка зад редот терасасти куќи во Station Lodge, дом во југозападен Лондон проектиран од локалното архитектонско биро Lacey & Saltykov.

Именувана по нејзината локација со поглед на станицата Motspur Park station in Merton, куќата е изградена за семејство на коосновачот на бирото Andrei Saltykov и е „обезбедена за иднината“ со проект што ќе овозможи во иднина да се подели.

Двојно поголема од соседните објекти, со вкупна површина од 280 квадратни метри, архитектот ја проектирал куќата така што ја следи геометријата на нејзината парцела во форма на триаголник – некогашна низа стари гаражи.

Дневениот боравок налик на атриум е поставен на предната страна, додека спалните соби и терасите на покривот гледаат над железничката линија позади. Обложени се со темни надворешни ѕидови за да се сокрие прашината од возовите што минуваат и да се намали одржувањето.

Според Saltykov, намерата била да се создаде заеднички простор што е „што е можно повизуелно впечатлив“ и да се компензира загубата на неверојатниот поглед од семејната дневна соба во нивната стара куќа.

„Надворешноста на куќата не открива многу“, вели Saltykov за Dezeen. „Но, внатрешноста на главниот простор е извонредна. Иако куќата е огромна, сепак делува како дом и не оптоварува“.

Дневната соба со тројна висина е покриена со кос метален кров, кој се протега преку спалните соби на првиот кат и домашната канцеларија на вториот кат што излегува на тераса за сончање.

Кога се гледа однатре, лушпестата структурата на кровот е изложена, откривајќи ја нејзината „сложена“ геометрија и конструкција од челик.

Дневниот простор има и „континуирана“ библиотека што се протега околу ѕидовите и црвени скали што водат до спалните соби на првиот кат. Проектирани се со тешки блокови и коси прозорци за да се намали бучавата од железничката линија.

Блиската железница е референцирана во други области на дизајнот, со обновени дрвени прагови кои се пренаменети за да се поплоча патеката до жардињериите во предната градина. Исто така и монтажни бетонски панели од старите гаражи на локацијата, повторно се искористени за изградба на нова ограда долж работ на пругата.

Покрај канцеларискиот простор на ниво на кровот има уште еден дневен боравок со пристап до тераса свртена кон југ, што ја чува скулптура на волк направена од рециклирани материјали, од локалниот уметник Kevin Herlihy. Покрај надворешната тераса за трпезарија, тука се и две мали скриени задни градини, една за возрасните и една за децата.

Спалните соби за двете ќерки на Saltykov се идентични, создавајќи „поправичен“ распоред од нивната стара куќа каде собите биле со различни форми и големини. Исто така, има повеќе простор за учење и удобен простор за нивните пријатели да дојдат и да ги посетат.

Со поглед насочен кон иднината, архитектот ја „обезбедил иднината“ со инсталации за две посебни куќи, а веќе се поставени темели за вторите скали.

Ова значи дека еден ден ќе може да се подели на два одвоени дома или за неговите ќерки, или ако семејството одлучи да го продаде едниот дел.

Испрати коментар

Scroll To Top