Италијанскиот моден бренд Loro Piana, познат по своите луксузни ткаенини и извонредна занаетчиска умешност, го слави својот век од постоењето трансформирајќи го лондонскиот Harrods во магична „Работилница на чудата“.
Oваа единствена поставка вклучува раскошно декорирани излози, лимитирани производи и два pop-up простори, создавајќи атмосфера каде што луксузните материјали и италијанската изработка доаѓаат до израз. Отворена на 7 ноември 2024 година, оваа изложба ги води посетителите низ приказната за луксузното занаетчиство, прикажувајќи ја историјата и умешноста на брендот кој ужива глобално признание веќе сто години.
Основан во 1924 година, брендот Loro Piana израснал од семејната традиција на тргување со волна. Со текот на годините, компанијата се специјализирала за набавка на најретките природни влакна, како кашмир од Монголија и волна од Андите. Брендот станал синоним за луксуз и квалитет, продолжувајќи ја својата мисија за истражување на најдобрите суровини ширум светот. Производите на Loro Piana се совршена комбинација на елеганција и изработка, оставајќи впечаток на клиентите ширум светот.
„Работилница на чудата“ му оддава почит на ова вековно наследство, евоцирајќи ја атмосферата на работилницата на Дедо Мраз притоа прикажувајќи го процесот на создавање на производите.
Фасадата на Harrods и 36. излози ги носат посетителите на фасцинантно патување низ процесот на создавање на производите на Loro Piano. Секоја изложба раскажува различна приказна за влакната и заедниците кои придонесуваат за наследството на брендот. Сценографијата, како што се монголските јурти и пасиштата полни со кози, го оживуваат процесот на трансформирање на кашмирот во луксузни производи.
Централниот дел на оваа празнична поставка е спектакуларната елка висока 17 метри украсена со ткаенини и производи на брендот, инспирирана од места како Монголија, Австралија и Перу, каде Loro Piana ги набавува своите суровини.
Внатре во Harrods, посетителите можат да истражуваат два pop-up простори: „Door 6 Pop-Up“ и „Door 9 Pop-up“.
„ Door 6″ носи атмосфера на празнична работилница, со внимателно изработени производи како кожни додатоци и капи од кашмир со симпатични мотиви на мечки и бодликави грмушки.
„Door 9“ е посветен на подароци, со плишани играчки, стаклени украси и кукли, додека посетителите можат сами да си направат празнични украси од луксузни ткаенини Loro Piano.
Loro Piana креирал колекција на уникатни и лимитирани производи за оваа пригода, вклучувајќи рачно изработени свилени фустани, кадифени балетанки и пропзнатливи чанти во нови бои.
Оваа празнична поставка не е само почит на брендот, туку и прослава на неговиот придонес во луксузната изработка во текот на целиот век.