Европската индустрија на челик (Eurofer) ја повика Европската Комисија да певземе итни мерки со цел да му помогне на овој сектор, велејќи дека станува збор за опстанокот на европската индустрија. На ЕУ му е потребен цврст план за европскиот челик, кој ќе ја вклучува трговијата, прилагодување на надоместоците за увоз на јаглерод и за енергија, како и за емисиите на јаглерод, како дел од поширок практичен предлог кој ќе им помогне на компаниите да ја постигнат целта за јаглеродна неутралност до 2050 година. „Часовникoт веќе отчука полноќ“, заклучува Eurofer во соопштението.
Претседателот на ЕК, Урсула фон дер Лајен, ветила дека ќе го претстави пакетот мерки „Чист индустриски договор“, во првите 100 дена од новиот мандат, кој започнува овој месец. Eurofer потсетува дека глобалниот вишок капацитети за производство на челик минатата година достигнал 551 милиони тони, што е четири пати повеќе од годишното производство на челик во ЕУ. OECD проценува дека до 2026 година, вишокот ќе се зголеми за уште 157 милиони тони. Во петте години до 2023 година, производството на челик во ЕУ е намалено за 34 милиони тони, искористеноста на капацитетите паднала за 60%, а увозот сега сочинува 27% од пазарот на ЕУ.
„Деиндустријализацијата на Европа се забрзува и секторите за челик, производство на автомобили, обновливи извори на енергија и батерии се на работ на колапсот“, нагласува Eurofer. „Доколку нешто итно не се преземе, европската производна база ќе исчезне“, додаваат тие. Според нивните зборови, ЕУ мора да за зајакне заштитата на својата индустрија со царини, да ги прилагоди царините на увоз на јаглерод низ одредени производи, со цел да создаде услови за извоз на челик, да обезбеди чиста енергија по прифатливи цени и да го задржи челичниот отпад во Европа. Минатиот петок, вториот по големина светски производител на челик Arcelor Mital известил дека ги одложува планираните зелени инвестиции поради политичката неизвесност.