Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Штуловиот универзитет со одржлив концепт на греење

Штуловиот универзитет со одржлив концепт на греење

7150873
Новата грејна сезона Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово (ЈИЕУ) ќе ја дочека со сосема нов систем за затоплување, со кој од употреба ќе се исфрли мазутот, а наместо него, за добивање топлинска енергија ќе се користи биомаса, односно пелети. Со ова, од една страна, ќе се заштедуваат годишно околу 100.000 евра, а од друга, значително ќе се придонесе за намалување на емисијата на стакленички гасови. Ова е втор проект што го спроведува Универзитетот во рамките на активностите за енергетска ефикасност и употреба на обновливи извори на енергија бидејќи од лани е во функција фотоволтаична централа за сопствено производство на електрична енергија со капацитет од 100 киловати, со која се задоволува дел од потрошувачката на струја.

– Универзитетот во 2010 година изработи Kлиматски акционен план (KАП) со кој предвиде обврска за во период од 10 години да изврши намалување на емисијата на стакленички гасови за 35 отсто. За негово спроведување веќе се изгради фотоволтаична централа, која го користи сонцето за производство на електрична енергија, а во план е нејзиниот капацитет до 2020 година да се зголеми на 500 киловати. Втор чекор е замена на употребата на фосилни горива, односно масло за греење со гориво од обновливи извори, односно со биомаса – објаснува Дарко Спировски, вработен во Институтот за животна средина и здравје при ЈИЕУ, одговорен за реализација на проектот.

Еден коментар

  1. Александар

    Каде е научниот или истражувачкиот фактор во овие проекти?
    Тоа може секој дома да си плати и да се инсталира.

Испрати коментар

Scroll To Top