Насловна / Архитектура / Стадион што никнува од земја: Најголемиот спортски објект во Саудиска Арабија

Стадион што никнува од земја: Најголемиот спортски објект во Саудиска Арабија

По стадионот проектиран на покривот на еден од сегментите на мегаструктурата The Line, глобалната архитектонска фирма Populous деновиве го претстави мастер планот за Стадионот Крал Салман, спортска арена која ќе има најголем капацитет во Саудиска Арабија, а ќе да биде и главната база на фудбалската репрезентација на оваа земја.

Новиот проект на бирото, со седиште во Канзас Сити, Лондон и Бризбејн, развиен е во соработка со Кралската комисија за градот Ријад и саудиското Министерство за спорт. Изградбата на стадионот е планирана на северот на Ријад, во близина на паркот на кралот Абдулазиз, додека завршувањето на работите се најавува за крајот на 2029 година.

Стадионот Крал Салман е најавен како едно од главните места за Светското првенство во фудбал во 2034 година, чиј домаќин ќе биде Саудиска Арабија. Преку оваа кандидатура се планира изградба на 11 нови стадиони и реновирање на четири постоечки.

Проектиран за повеќе од 92.000 гледачи

Проектот на стадионот, инспириран од локалната топографија, го следи симболичниот концепт на секоја нов објект во рамките на мастер планот, замислен како семе кое никнува и ја разбива почвата, откривајќи ново место кое е вкоренето во неговата природна средина.

Бруто капацитетот на стадионот е повеќе од 92.000 гледачи, а по изградбата ќе стане најголемиот спортски објект во државата. Според проектот, стадионот ќе содржи и кралска ложа, луксузни skyboxes и салони, како и 300 VVIP и 2.200 VIP седишта.

Мастер планот на Стадионот Крал Салман вклучува поширок потез околу самиот објект на стадионот, со цел да се организира целиот простор кој на посетителите ќе им овозможи пријатен и удобен престој за време на посетата за различни настани, но и за секојдневни активности во текот на целата година.

Во рамки на овој простор ќе се најдат различни спортски и рекреативни содржини, вклучувајќи атлетски стадион, терени за фудбалски тренинзи, центар за водени спортови со олимписки базен и повеќенаменска затворена спортска сала.

Содржините насочени на заедницата вклучуваат паркови и терени за кошарка, одбојка и падел, поврзани со спортска патека долга девет километри што минува низ паркот Крал Абдулазиз. Уредните пешачки патеки ќе ги поврзат различните објекти, претворајќи се во живи комерцијални и рекреативни зони во текот на деновите без настани.

Обединување на спортот со природата

„Покрај создавањето модерни спортски објекти, овој развој има за цел да ги обедини спортот и природата, инспирирајќи ги сите кои се поврзуваат со него. За да го постигне ова, проектантскиот тим црпеше инспирација директно од шарите и елементите на природата. Проектантската филозофија е посветена на најсовремената инфраструктура, истовремено почитувајќи ја суштинската врска помеѓу одржливиот развој, човечките активности и природниот свет“, објасни за ArchDaily Ширин Хамдан, генерална менаџерк на канцеларијата на Populous во Ријад.

Во својот план да биде домаќин на Светското првенство на ФИФА во 2034 година, Саудиска Арабија најави изградба на 11 нови стадиони низ целата земја во Ријад, Џеда, Ал Кобар, Аба и во се уште неизградениот Неом.

Меѓу нив се уште два стадиони кои ќе бидат архитектонски обликувани од Populous – Стадионот на принцот Мохамед бин Салман, планиран во четвртта Кидија во Ријад, и стадионот Арамко во Ал Кобар, кој треба да биде завршен до почетокот на Купот на азиската фудбалска конфедерација во 2027 година.

Испрати коментар

Scroll To Top