Проектирана од архитектонските бироа Bjarke Ingels Group (BIG) и Carlo Ratti Associati, кулата CapitaSpring во Сингапур е прогласена за добитник на престижната Меѓународна награда за високи згради (IHA) за 2024/2025 година.
Објектот со мешана намена се истакнал меѓу 31 проект разгледувани на конкурсот. Висока 280 метри, кулата е официјално отворена во 2022 година, а се издвојува по стратегијата за интегрирање на отворени и зелени простори внатре во самата зграда.
Дизајн кој не подготвува за иднината
Жирито на 11. Меѓународни награди за високи згради водело опсежни дискусии за иднината на високите згради поради глобалните предизвици, вклучително и урбанизацијата и социјалните потреби по пандемијата.
Членовите на жирито биле фокусирани на критериуми како што се општествена одговорност, одржливост, иновативност во решавањето на локалните проблеми и дизајни кои не подготвуваат за иднината.
Претседателот на жирито, данскиот архитект Ким Херфорт Нилсен, ја истакнал важноста на „зелените површини“, „згусувањетон“ и максималното користење на постоечките структури.
Така е постигнат консензус дека CapitaSpring Tower ги отсликува овие идеали, а зградата е прогласена за победник на овој биенален натпревар.
Како „најдобрата висока зграда во светот во моментов“, кулата во Сингапур е пофалена за нејзината способност да ги поврзе интересите на градот и приватните инвеститори.
Овој објект висок 280 метри е изграден на запуштена локација, а сега располага со многу јавни простори и зелени површини, кои се достапни за секого.
Жирито заклучи дека овој проект претставува нова насока во изградбата на високи згради, поради неговата способност да ги балансира удобните урбани простори, густината и вклучувањето зелени површини.
Еволуција на приоритетите во урбаната архитектура
Наградата е официјално доделена на свечената церемонија одржана во црквата Paulskirche во Франкфурт, каде што ја примија партнерот во BIG Брајан Јанг и Грегори Чуа, кои ја претставуваше CapitaLand, развојната компанија зад изградбата на кулата.
„Денес, со CapitaSpring ги истражуваме високите згради како вертикална екстензија на единствената сингапурска форма на тропски урбанизам. Со отворање на вертикалните линии на фасадата, кулата овозможува пристап и поглед помеѓу внатрешниот и надворешниот простор, трансформирајќи го традиционалниот изглед на фасадата во нешто што изгледа поангажирано и попристапно и што повеќе кани на интеракција“, изјави Бјарке Ингелс.
Добитникот на наградата ја истакна и промената во обликувањето на облакодерите, нагласувајќи ја еволуцијата на приоритетите во урбаната архитектура. Модерните високи згради сè повеќе вклучуваат адаптивни фасади и пасивни елементи на дизајн. Покрај тоа, таквите структури ги преобликуваат урбаните пејзажи подигајќи ги јавните простори, преместувајќи ги од традиционалното ниво на тереннакрововите или подиумите меѓу зградите.