Куќата опкружена со столетни борови е изградена на стрмна падина во близина на Москва. Од самиот почеток архитектите од московското биро Le Atelier донеле одлука за минимално мешање во природата; да не се сечат дрвја, да не се копа премногу во ридот, да се направат места за одмор на локацијата, така формата на куќата е заснована на дрвјата што се наоѓаат на локацијата.
Собите во куќата сместени се на три полунивоа распоредени на растојание од 180 центиметри. Влезот во куќата е на средното ниво, кога се влегува во куќата се наоѓате во ходник со таван со висина пет метри во чиј центар е поставен „црна столб“ – централен елемент на ентериерот речиси во сите простории. Детските соби, тоалетите и помошните простории се наоѓаат на истото ниво. Детските соби имаат големи прозорци со поглед на шумата.
Спална соба со прозорец на агол сместена е полуниво подолу. Во „црниот стплб“ се наоѓаат гардеробер и бања. Голема гардероба со камин на аголот и неверојатен поглед на шумата се наоѓа над спалната соба, полуниво повисоко од влезот. Во „црниот столб“ сметена е и кујна со совршен поглед на влезниот хол.
Над спалните соби, проектантите сместиле голема тераса за да се минимизира мешањето со природата – главен простор за одмор кога времето е топло. На терасата се пристапува од сите три нивоа на куќата движејќи се по надворешни кружни скали кои стигнуваат до теренот. Куќата е тешко видлива од патот и може да се види во целосна големина само од страната на шумата. Токму таму е видлива композицијата на двата габарита– аголен црн и рамен свеотл.
Поради совршено проектираната ориентација на оваа куча со површина од 280 квадратни метри и големените прозорци, фантастичен поглед на шумската падина е отворен од сите спални соби и пространата дневна соба.