Насловна / Архитектура / „Дедото“ на современите облакодери: Мелницата за лен во Шрузбери

„Дедото“ на современите облакодери: Мелницата за лен во Шрузбери

Човекот отсекогаш се стремел да го допре небото со своите градби, нешто што е евидентно и од околу 2600 години пред нашата ера кога била изградена Големата пирамида во Гиза, Египет.  Се смета дека оргинално објектот бил висок 146,6 метри од кој денес се останати само 138,5 метри.  Скоро три милениума биле потребни човештвото да може да го повтори овој градителски потфат и изгради објект со приближно иста или поголема висина.

Големата пирамида во Гиза, Египет

Така, во 1439 година била завршена изградбата на Катедралата во Стразбург, Франиција, со височина, во зависност од изворот, од 140 или 142 метри која останува се до денес со својата оргинална висина сведок на градителските достигнувања на средниот век.

Катедралата во Стразбург, Франиција

Помеѓу, во 1311 година била изградена и Катедралата во Линколн, Англија, за која се претпоставува дека била првиот објект кој со висина од 160 метри ја надминал Големата пирамида во Гиза.  За жал, во 1548 или 1549 година оваа катедрала ја изгубила својата „антена“ (највисокиот дел на кровот) во невреме, така да не може со сигурност да се потврди веродостојноста на овие тврдења.

Катедралата во Линколн, Англија

И покрај извонредните градителски достигнувања на минатите генерации највисоките објекти од минатото денес не ги исполнуваат ниту минималните критериуми за да се нарекуваат облакодери.  Според современата дефиниција облакодерите се затворени градби со простории на катови во континуирана употреба се до висината од најмалку 350 метри, при што оваа дефиниција не ги опфаќа градбите во коишто не се престојува континуирано, како што се телекомуникационите кули или слични објекти.

ОНА ШТО ГО ОВОЗМОЖИЛО РАЗВОЈОТ НА СОВРЕМЕНИТЕ ОБЛАКОДЕРИ

Од 2010 година приматот на највисокиот облакодер во светот со височина од 828 метри и 163 ката над нивото на теренот го држи Бурџ Калифа во Дубаи, но она што го овозможило развојот на современите облакодри отпочнува многу порано во 1797 година и многу поскромно со објект со висичина од само пет ката. Станува збор за објектот на Мелницата за лен во Шрузбери, Англија, лоциран во град во Западен Мидландс во близина на границата со Велс, а денес со население е од околу 77 илјади жители.

Бурџ Калифа во Дубаи

Во 1797 година индустриската револуција отпочнала во Шрусбери преку изградбата на Шрузбери каналот според проект на инженерите Џосаја Клоувс и Томас Телфорд.  Овој речен канал првин го поврзувал Шрузбери со денешен Телфорд за да го подржи извозот на јаглен, руди и камен пред негово поврзување со Шропшајар каналот изграден во 1791 година според преокт на инженерот Вилијам Рејнолдс, преку кој дополнително била развиена мрежата на речни канали за превоз на суровини и производи за производителите од Шрусбери.

Шрусбери

ПРВАТА ВО СВЕТОТ НОСИВА РАМКОВСКА КОНСТРУКЦИЈА ОД ЛЕАНО ЖЕЛЕЗО

Истата 1797 година во Шрусбери била завршена и изградбата на Мелницата за лен во Шрузбери, оргинално позната како Мелницата за лен во Дитерингтон според предградието на Шрузбери во кое таа се наоѓала.  Објектот бил изграден во период од една година како резултат на партнерство на Џон Маршал, деловен човек и политичар од Лидс, Томас Бењон и Бенџамин Бењон, како и архитектот Чарлс Бејџ од Дерби, кој бил и проектант на објектот.  Изградбата на објектот не ќе била можна без експертизата на Вилијам Хејзелдин од Шрузбери и неговата леарница во која била излеана првата во светот носива рамковска конструкција со столбови и греди од леано железо.  Се смета дека архитектот Бејџ во својот проект бил инспириран од творештвото на Вилијам Страт, градежен инженер и архитект, познат по приемата на конструкции од леано железо за да ја зголеми отпорноста на објектите од пожари.  Дотогаш доминантите објекти со дрвена конструкција биле подложни на пожари.

Мелницата за лен во Дитерингтон

Веројатно, како една од дополнителните главни иновации во проекот било интегрирањето на индустриското машинско производство во конструктивниот систем на објектот. Имено, централниот ред на столбови на горниот дел бил завршен со „капител“ од наопаку буквата „п“, а којшто ги носел железните греди.  Вака создадениот отвор овозможувал оската на машините за мелења да поминат низ „капителот“ по должината на објектот.

Во 1804 година Маршал ги откупил своите партнери и со тоа ја превзел сопственоста врз објектот.  Објектот како мелница за лен функционирал се до 1886 година кога бил продаден за потоа објектот да биде пренаменет во сладилница во рамките на која адаптација дел од оргиналните прозорци биле затворени за објектот да може подобро да одговара за потребите на новата намена.  Како сладилница за призиводтсво на слад (најчесто од јачемен) за потребите на пиварската индустрија објектот останал во функција во текот на наредниот век се до 1987 година кога бил затворен.

Мелницата за лен во Дитерингтон

Значајот на објектот, како прв објект во светот со носива рамковска конструкција од лиено железо, официјално бил признат во 1950-те години кога Мелницата станала Заштитен објект на градителско наследство од Прва категорија, за потоа да почне да се нарекува и како „дедо на облакодерите“ со оглед дека бил зачетник на примената на челичните рамковски конструкции, кои со текот на времето и технолошкиот развој ја овозможиле изградбата на облакодерите што следувале, вклучително и со оној највисокиот денес на Бурџ Калифа во Дубаи.

РЕКОНСТРУКЦИИ НА КОМПЛЕКСОТ И МНОГУБРОЈНИ НАГРАДИ

Од 2005 година напуштениот објект на Мелницата, а со поддршка на други организации, го превзема Инглиш Херитиџ, добротворна организација, која управува со над 400 изградени споменици, објекти и места. Со поддршка на фондови биле одпочнати реконструции на комплексот од кои првите завршиле во 2015 година со реконструкцијата на административниот објект и на шталите, за во 2017 да се отпочне реконструкцијата на Мелницата и на Печката.  Оваа втора фаза на реконструкцијата завршила во 2017 година кога оргиналната Мелница и Печка биле трансфоримирани во комплес со мешовита намена која вклучува деловни простории и јавен изложбен простор со кафетерија и продавница.  Се очекува дека со последователните фази на реконструкција ќе бидат опфатени и простанатите објекти во рамките на комплексот.

Оваа година втората фаза на реконструкцијата на објектот, како Шрусбери Флаксмил Малтингс од архитектите Филден Клег Брадли Студио станаа еден од добитниците на овогодишната Национална награда за архитектура на Кралскиот институт на британските архитекти, откако веќе се здобија со Наградата на Западен Мидледнс, Наградата за клиент на годината на Западен Мидлендс, Проект на годината на Западен Мидледнс, Наградата за кознервација (заштита на објекти) на Западен Мидлендс, и Наградата за зграда на годината на Западен Мидлендс, сите на Кралскиот институт на британските архитекти за 2024 година.

Проектната програма наложила овој проект да биде пример на одржлива обнова преку која ќе се подржи употребата на овој објект со особено историски иновативен дизајн во следните сто години.

Овој прв објект во светот изграден со рамка од лиено железо во 1797 година преку комбинацијата на греди и столбови од лиено железо, лакови од тула и поврзници од лиено железо успеал да создаде градежна конструкција која не само што е отпорна на пожари, туку и овозможила оформување на големи прозорски отвори преку кој на големиот број на вработени им било обезбедно природно осветлување.  Век подоцна, повторно преку исклучителен дизајн, објектот бил пренаменет во леарница.  При ова дел од прозорците биле заѕидани или смалени во големина, котларата била струшена, а дрвена дигалка/кран и нова кула доданени, како и голема печка.

Архитектите Филден Клег Брадли Студиос го зачувале трајните елементи на двете историски намени на објектот за да обзебедат четири ката од фелксибилен деловен простор, во комбинација со промислено такење на современо приземје во кои се сместени центарот за посетители и кафетеријата.

Работата на проектот била сложена и истата била подржана преку план на работите со 13-ет стапки врз основа на кој преку пробен распон безбедно биле извадени иструлените дрвени појаси за укрутување во рамките на надворешните ѕидови од тули, а преку кои било овозможено опстојувањето на фасадите.  Во рамите на проектот особена улога одиграле и инженерите на АКТ 2, кои преку својата работа ја поддржале обновата и реупотребата на обејектот.  Преку обмислен и сензитивен пристап тие овозможиле зајакнување на крхката рамка од лиено железо со што се зголемила носивоста на конструкцијата преку пренасочување на патеките на товарот, а што овозможило да се зачува специјалниот карактер на оргиналната носива конструкција.  Ова било постигнато преку поставување на напречни затеги, нова носива бетонска кошулка, во комибнација со поврзување на рамката со ново армираните ѕидови од тула.

Специјализираните производители и снабдувачи биле интегрален дел не само на заштитата и реупотребата на објектот, туку и во обновата на локалитетот базирана на историја.  Следната фаза на обновата на комплексот предвидува изградба на 120 нови одржливи станбени единици, преку кои се очекува да се збогатат регенеративните придобивки од новодобиените деловни простори и центарот за посетители.

Жирото било многу импресионирано од големината, посветеноста и амбицијата на овој проект.  Проектот на интервенции преку новите деловни простории, не само што се надоврзува на историското минато на објектот, туку исто така вдахнува нов живот и примена, преку кои објектот повторно функционира како место на врботување и ја подржува локалната економија. Пристапот кон заштитата може да се смета за егеземпларен.

Проекот реализирал низа можности за волонтирање, обука и вработување од оние во доменот на градежништвото до архивски истражувања.  Водството на клиентот, Инглиш Херитуџ, не само што го зачувало овој значаен објект од пропаѓање, туку исто така создало можности за споделување и дополинетлни учења и експертиза за целит сектор посветен на заштитата на историските објекти.  Односот помеѓу проектантскиот тим и клиентот кулминирал во објект од национална важност заради својот пристап кон заштитата, иновативноста и напредокот во погледите околу реупотреба и адаптација на објектот.  За жирито, овој проект ги зголемува амбициите за целиот сектор посветен кон одржлива преупотреба на историските објекти, а којшто е од национално значење.

Испрати коментар

Scroll To Top