Насловна / Архитектура / Д-р Ана Ивановска Дескова, говорник на Третата годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти

Д-р Ана Ивановска Дескова, говорник на Третата годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти

Д-р Ана Ивановска Дескова е вонреден професор во Институтот за заштита на градителско наследство, историја на архитектура и уметност при Архитектонскиот Факултет во Скопје, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје.

Магистерските и докторските студии ги завршува на истиот факултет, со акцент на заштитата на модерното градителско наследство во Скопје. Професионалниот интерес за заштита на модерното градителско наследство го развива и во својата понатамошна истражувачка работа, изразена преку многубројни проекти, архитектонски изложби и предавања, како во земјата така и надвор од неа.

На Третата Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти, преку предавањето „Утопија вон границите: Архитектурата на постземјотресната обнова на Скопје“, Д-р Ана Ивановска Дескова ќе претстави дел од своите истражувачки активности насочени кон модерната архитектура на Скопје, особено неговата постземјотресна обнова.

Регистрирај се.

 

Испрати коментар

Scroll To Top