Насловна / Архитектура / Рут Шагеман EU/DE, Претседател на Советот на архитекти на Европа ќе се обрати на Третата годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти

Рут Шагеман EU/DE, Претседател на Советот на архитекти на Европа ќе се обрати на Третата годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти

На Третата Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти, што ќе се одржи на 29.11.2024 г. (петок) и 30.11.2024 г. (сабота), во Офицерскиот дом во Битола, свое обраќање ќе има Рут Шагеман EU/DE, Претседател на Советот на архитекти на Европа. Г-ѓа Шагеман претседава со советот веќе три години. Во нејзиниот мандат, пред повеќе од една година, македонските архитекти станаа дел од европското семејство на архитекти, преку усвојување на апликацијата на Комората за членство во најпрестижната европска архитектонска професионлана организација.

Во своето видео-обраќање за Светскиот ден на архитектурата 2024, Рут порача „Заедно да ја обликуваме нашата иднина“, но исто така побара поголема вклученост на младите и талентирани архитекти во планирањето и уредувањето на градовите, иновативни решенија при проектирањето згради и градење хуман однос кон заедницата и животната средина.

Г-ѓа Рут Шагеман ќе испрати порака и на Третата Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти, во името на Советот на архитекти на Европа.

Испрати коментар

Scroll To Top