Отворањето на „Годишната изложба“ на ДЛУМ ќе се одржи денес, 13.11.2024 год. во Национална Галерија, објект Мала станица со почеток во 20 часот.
„Годишна изложба на ДЛУМ” претставува пресек на современата ликовна продукција на најголемиот број на членови на ДЛУМ.
Изложбата е потполно хетерогена, со обединувачки карактер виден во мноштвото на различни ликовни дела. Значењето на оваа изложба е големо во ликовно – историски контекст, бидејќи возможува директен преглед и разбирање на тековните интереси и активности на членовите на ДЛУМ.
Таа е неселективна, со цел да ги прикаже актулните ликовни стилови и техники, и да им овозможи на сите учесници, членови на ДЛУМ јасно согледување на своето место во ликовниот простор на Македонија во период од една година.