МАРХ организира прошетка низ архитектурата од пред земјотресот – едукативна тура како најава за книгата „Артемушкин и Скопје“.
МАРХ со задоволство ја најавува наивната нова архитектонска публикација „Артемушкин и Скопје“, на авторите Ноеми Чаусидис и Мартин Ефремовски, која го истражува творештвото на еден од најголемите градители од периодот меѓу двете светски војни.
Додека го заокружуваат печатењето на самата книга, нудат уникатна прошетка низ нејзината содржина.
Настанот ќе се одржи оваа сабота – 16-ти ноември, во 12:00 часот, и ќе започне од фонтаната Лотус на влезот во Градскиот парк.
Ќе се посетат познатите палати Рубен, Бојаџиеви и Арапска куќа, но исто така ќе се откријат секојдневниот живот низ Скопје.
Ќе се зборува и за историјата на овие згради, нивната архитектура и нивната денешна состојба, како и за урбаниот контекст на Скопје до земјотресот, и како тој преживува до денес.
Прошетката е целосно бесплатна, но регистрацијата е задолжителна преку следниот линк.
За сите детали за промоцијата и самата книга, следете на марх.мк.