Компанијата Joby aviation го изврши првото пробно тестирање на електрично летало од место, со што е проширена соработката со јапонската Toyota.
Се работи за летечко такси наречено eVTOL кое комбинира елементи на хеликоптер и дрон. Нуди нула емисии на јаглерод диоксид што се совпаѓа со плановите на Toyota да постигне јаглеродна неутралност до 2050 година.
Јапонскиот производител на автомобили најави дека ќе инвестира дополнителни 500 милиони долари за поддршка на комерцијалното производство на летечкото такси на Joby. Со ова инвестираните пари би достигнале 924 милиони долари.
Користењето на новото такси треба да започне на манифестацијата Експо 2025 во Осака.