Насловна / Вести / Габрово во Бугарија, ја формира првата градска зона без емисии на CO2

Габрово во Бугарија, ја формира првата градска зона без емисии на CO2

Општината Габрово е препознаена како предводник на климатските и енергетските иницијативи во Бугарија, а сега оди чекор понатаму со цел до 2030 година да формира градска зона без емисии на јаглерод диоксид. Пилот проектот за градската зона без емисии на CO2 во Габрово ќе опфати 30 станбени згради, две градинки, едни јасли, едно училиште и неколку малопродажни објекти. Проектот е дело на иницијативата NetZeroHero – климатски неутрално и паметно Габрово, и ќе биде реализиран во партнерство со Центарот за енергетска ефикасност EnEffect до август 2026 година.

NetZeroHero има за цел намалување на емисиите на CO2 преку пилот проекти за реновирање на станбени и јавни згради, воведување на обновливи извори на енергија и подобрување на енергетската ефикасност. Исто така, целта е пилот-зоната да стане модел за одржлив развој кој ќе се примени и во други квартови на Габрово, кое се наоѓа во централниот дел на земјата, како и во другите градови во Бугарија. Во план е организирање на обуки за стручњаците, градежниот сектор и граѓаните, со цел формирање на центар за информации за мерки за подобрување на енергетската ефикасност и други релевантни препораки, вклучувајќи и правни консултации. Ќе биде започната енергетска реконструкција на најмалку една јавна зграда. За задоволување на енергетските потреби на пилот – подрачјето, предвидено е користење на енергија од обновливи извори – инсталирање на соларни панели на покривите и паркиралиштата од вкупно 500 kWp, како и топлински пумпи и соларни термални колектори.

Активностите ќе се потпираат на вложувања преку јавно -приватни партнерства, а со цел формирање на енергетски задруги, во кои ќе бидат вкучени и жители надвор од пилот-зоната и од цела Бугарија. Вкупната вредност на проектот е 575.688 евра, од кои Општина Габрово ќе добие 285.625 евра преку Програмата Horizon Europe 2021-2027, во склоп на повикот NetZeroCities.

Градот Габрово е препознат како предводник во климатските и енергетските иницијативи во оваа земја, а до 2018 година ги намалил емисиите на CO2 за 32,9%, пишува на сајтот на NetZeroCities. Во тој град е формирана првата енергетска заедница во Бугарија, а претходно е воспоставен и ефикасен систем за рециклирање на отпад. Локалната самоуправа е добитник на признанието European Green Leaf Award за 2021 година. Со оваа награда се промовираат и се наградуваат напорите на европските градови и општини кои се стремат кон намалување на своето влијание на локалната и глобалната средина, подобрувајќи го квалитетот на живот на граѓаните. Габрово е и дом на првата сертифицирана пасивна куќа во Бугарија.

Испрати коментар

Scroll To Top