Bridgewater се уникатно интегрирани згради совршено позиционирани помеѓу забрзанооста и вревата на градскиот плоштад и спокојството на новиот парк Ratanga во Кејптаун, Јужноафриканската Република.
Комплексот завршен во 2021 година се состои од хотел со 80 соби опкружен со 122 станбени апартмани, со поглед на три хектари вода и зеленило и три деловни згради.
Помеѓу овие објекти, сончев, заштитен централен двор е опкружен со продавници и ресторани. А под нив, две нивоа подземни гаражи обезбедуваат 376 паркинг места, нудејќи им на жителите на Bridgewater извонреден квалитет на живот проектиран од архитектите од бирото Vivid Architects и тимот пејзажни архитекти од Planning Partners.
Vivid Architects го проектирале Bridgewater како цел градски блок и добро е да се види како концептуалното размислување зад развојот на Bridgewater станува реалност. Објектите делуваат како соочување и транзиција помеѓу урбаната четврт Century City Square и извонредната природна средина на неодамна обновениот парк со мешана намена Ratanga Precinct.
Развојот ги поврзува Bridgewater со паркот преку пешачки мост обложен со дрво и создава дефиниран јавен пристан до редизајнираниот систем на водни патишта што го имитира сеќавањето на старите куќи и пешачки патеки на каналите во Амстердам. Bridgewater е проектиран да овозможи беспрекорно поврзување и пристап на пешаците во, околу и низ развојот.
Развојот на „градскиот блок“ намерно е проектиран како голем број индивидуални згради со свој уникатен јазик и „личност“, сите поврзани и обединети околу внатрешен централен јавен плоштад.
Употребата на тактилни и топли материјали била со цел да се создаде место за луѓето да се чувствуваат удобно да работат, живеат и да се дружат. Важно е кога се развиваат гринфилд локации и се проширува урбаната визија да не се исклучува пристапот, туку да се создадат инклузивни простори со можности за собирање и дружење. Vivid Architects сакале да ја прошират визијата на нивните клиенти за создавање водечка урбана зона со тоа што ќе овозможат создавање соседство што се интегрира со непосредниот контекст – и место што луѓето ќе сакаат да го посетат и да останат.