Саудиска Арабија го отвори Sindalah, ексклузивна дестинација во склоп на амбициозниот проект Neom. Ова претставува прв чекор во реализација на визијата на оваа земја за нејзина трансформација во луксузна туристичка дестинација. Островот Sindalah, има површина од 83 хектари, се наоѓа на околу 5 километри од брегот на Саудиска Арабија и креирано е со цел да пружи единствено луксузно доживување за гостите со длабок џеб.
Иако овој сегмент на Neom можеби не е грандиозен како останатите планирани проекти како The Line или Treyam, тој симболизира голем исчекор во пренасочувањето на економијата на земјата од нафтата кон туризмот. Островот е проектиран од страна на реномираниот тим на Luca Dini Design & Architecture и фокусирано е на ексклузивни содржини како марина со 86 везови, јахтинг клуб и дополнителни капацитети за суперјахтите кои бараат подлабоки води.
Не изостануваат и луксузните ресторани, малопродажните објекти, клуб на плажа, терен за голф со пратечки содржини и сл. Сместувањето на гостите е планирано во вкупно 440 хотелски соби, 88 вили и 218 апартмани со услуга. Гостите ќе имаат можност да уживаат и во нуркање и истражув ање на преку илјада видови риби, од кои 45 се ендемски за ова подрачје, како и над 300 видови на корали. Островот ќе се овора фазно, па од 2028 година ќе може да прими најмногу 2.400 гости дневно, додека сите посети ќе бидат дозволени само со покани.
Во моментот Саудиска Арабија гради импозантни објекти, меѓу другото и со цел да ја поддржи својата амбиција да стане домаќин на Светското првенство во фудбал во 2034 година.